Кинески компании заинтересирани за инвестирање во земјоделството

Bez autora
Jun 11 2014

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски, во среда одржа состанок со кинеска делегација предводена од заменик гувернерот на провинцијата Сечуан, Гао Фенг и новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија Вен Џеншун. Провинцијата Сечуан претставува една од најразвиените провинции во делот на земјоделството, посебно во сточарството. На средбата, гостите изразија голем интерес за инвестирање на кинески компании во земјоделскиот сектор. Во Македонија се дојдени за поблиску да се запознаат со условите за инвестирање во земјоделството, во сточарството, посебно во одгледувањето на овци и говеда, а секако го истакнаа и македонското вино кое веќе станува препознатливо на нивниот пазар.

Кинески компании заинтересирани за инвестирање во земјоделствотоМинистерот за земјоделство Љупчо Димовски, во среда одржа состанок со кинеска делегација предводена од заменик гувернерот на провинцијата Сечуан, Гао Фенг и новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија Вен Џеншун.

Провинцијата Сечуан претставува една од најразвиените провинции во делот на земјоделството, посебно во сточарството.

На средбата, гостите изразија голем интерес за инвестирање на кинески компании во земјоделскиот сектор. Во Македонија се дојдени за поблиску да се запознаат со условите за инвестирање во земјоделството, во сточарството, посебно во одгледувањето на овци и говеда, а секако го истакнаа и македонското вино кое веќе станува препознатливо на нивниот пазар.

Министерот Димовски рече дека Македонија е солиден произведувач на земјоделски производи. Бележиме континуиран пораст на производството и извозот на земјоделски производи. Со цел продлабочување на трговската соработка и унапредување на извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи, со Народна Република Кина веќе е потпишан Меморандум за разбирање за понатамошна соработка во земјоделството и Протокол за фитосанитарни услови за извоз на тутун од Република Македонија во НР Кина, со што формално правно веќе е овозможена соработката во областа на земјоделството.

„Кинескиот пазар е најголем во светот, меѓутоа тоа е и многу пребирлив пазар, за кој е потребен квалитет кој ќе ги задоволи потребите на кинеските потрошувачи. Вашата идеја за присуство на кинески компании, кои ќе отворат свои претставништа во Македонија е одлична можност за вашите бизнисмени, затоа што Република Македонија претставува врата кон пазарот на Европската Унија, за кој сите закони во Република Македонија кои се однесуваат на областа на земјоделството се целосно усогласени со законодавството на Европската Унија. Исто така ја имате мојата поддршка за било која инвестиција во областа на земјоделството ", истакна министерот Димовски.

На крајот на средбата, гостите упатија благодарност до министерот за гостопримството и за исцрпните информации според кои увидоа дека има уште многу области во кои може да се оствари соработка и ја изразија својата желба за повторна средба и инвестрирање во земјоделството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik